Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во источните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Температурата ќе се движи од 11 до 35 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во следните денови се очекува зголемување на температурата, а според најавите на УХМР времето ќе биде сончево и топло, а температурата во делови од земјата за викендот ќе достигне до 39 степен.