Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, со суви коловози и без поголеми застои. Сепак, поради летните одмори, на некои патни правци надвор од градските центри се забележува зголемен интензитет на сообраќај.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од земјата изнесува околу 20 минути, додека на останатите премини нема подолги задржувања. Возачите се советуваат да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да возат со прилагодена брзина, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои опасност од одрони. Особено внимание се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во периодот од 1 јули до 31 август, на државните патишта важи летен режим со забрана за движење на тешки товарни возила над 15 тони во одредени денови и часови, со цел олеснување на сообраќајот и побрзо движење на туристите. Исклучок прават возилата кои превезуваат животни, хуманитарна помош, житни култури и други специфични товари.
На магистралниот пат А2 (Скопје – Охрид) е воведена посебна забрана за тешки товарни возила над 7,5 тони за време на викендите, со цел да се намалат застојот и да се обезбеди побрз проток на возила кон популарната туристичка дестинација.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила до 3.5 тона.
Во тек се и повеќе градежни активности кои предизвикуваат времен режим на сообраќај на автопатот А1, регионални патишта и други делници, со поставена соодветна сообраќајна сигнализација и пренасочување на возилата.
Возачите се повикуваат на внимателно возење, почитување на сите предупредувања и прилагодување на брзината според условите на патот.