Спасувачка акција на повредено лице на Шар Планина е изведена вчера доцна попладне во 17:24 часот, по добиена пријава за едно повредено лице при превртување на теренско возило на планинскиот пат над село Јеловце, општина Врапчиште. Веднаш за настанот се известени ПС Гостивар и ПС Галате.
Пријавата е добиена преку Едиствениот број за итни повици. Бидејќи теренот бил тешко пристапен за возило на Итна медицинска помош, по барање на директорот на ЦУК, г. Мухамед Али, ДОЦ достави барање до Министерството за внатрешни работи за ангажирање на хеликоптер и специјални единици (алпинисти) за спасување на повреденото лице.
Лицето било транспортирaно до Клинички центар за укажување на понатамошна медицинска помош.
Настанот е регистриран и во билтенот на дневни настани на МВР каде што е запипано:
на 21 септември 2025, полициски службеници од САЕ Тигар и ОВЕ со хеликоптерот Бел 412 спасија повредено лице од Шар Планина, во реонот на Гостивар. Веднаш по добиената пријава дека на Шар планина се превртело возило, а со повреди се здобил А.Џ., тие се упатија на местото на настанот и повреденото лице е успешнот преземено и транспортирано до Клиничкиот центар “Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош.