Средба на претседателот Пендаровски со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета на земјава.

На средбата беа разменети мислења и информации за актуелните состојби во Европа, при што претседателот Пендаровски го запозна хрватскиот премиер со случувањата во врска со македонските евроинтеграции и изрази задоволство од досегашниот тек на скрининг процесот.

– Во таа насока претседателот посочи и дека одличната соработка на македонските и хрватските институции значително придонесува за користење на хрватското искуство во процесот на подготовките за пристапните преговори, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

Шефот на државата Пендаровски се заблагодари за севкупната поддршка од Хрватска за аспирациите на Северна Македонија за членство во ЕУ. 

Зачлени се на нашиот е-билтен