Карикатура календар за 2026, Среќна Нова Година и Разбудете се!

Среќна

Си заминува и оваа 2025 година. Не беше лесна. Не беше воопшто лесна. Ќе остане запаметена по трагедијата во Кочани. Како што се водеше истрагата и како што тече судењето, траумата и болката уште долго време ќе остане во срцата на родителите и најблиските на починатите и на тешко повредените во пожарот во дискотетката „Пулс“.

Годината што заминува беше тешка и за мнозинството граѓаните во земјата кои се соочија со постојан раст на цените од една страна, и со стагнирањето на растот на платите од друга. Минималната плата остана најниска во регионот, а за да се плати потрошувачката кочничка веќе не се доволни ниту две проесчни плати, да не зборуваме за оние со најниски примања.

Во обид да ја илустрираме годината што изминува, Рацин.мк направи календар за новата 2026 година, во која секој месец им го посветивме на оние што носат одлуки во име на граѓаните, но како да се „одлепени“ од реалноста околу нас или околу нив.

Како што ќе видите, во подготовката на календарот ги зедовме иронијата, сатирата и критиката, нивниот јавен дискурс низ годините и нивните вредности и поранешни изјави, не само денес како низ ПР шминка се претставуваат пред вас, токму за да ги ставиме во соодветен контекст актерите на општествено-политичкиот живот во земјата.

Се разбира, првиот месец во годината му припадна на премиерот Мицкоски. Си игра шах сам со себе си, додека околу него си тече животот полн со проблеми за граѓаните, а тој бара од новинарите да објавуваат само добри вести.

Во продолжение на овој текст ќе наведеме само уште неколку наши „креативи“ како коментар на работата на политичарите.

Александар Николоски најави многу инфраструктурни проекти, но дали ќе го видиме крајот на тунел, останува да се види. На оваа тема е нашата креатива за календарот за месец април.

Евроинтеграциите се тотално закочени. Не остана ништо од предизборното ветување дека кога ќе дојдат на власт, ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши прашањето за 6 месеци. Во меѓувреме, ако ја исклучиме Црна Гора, која веќе тропа на портите на ЕУ, Албанија ја претрка Македонија. Затоа не можевме да одолееме и да не направиме оваа илустрација во календарот за месец мај.

Опозицијата, предводена од СДСМ, направи сериозни чекори за консолидација. Филипче вели партијата е веќе консолидирана, но метлата останува во игра за позиционирање за чист, нов старт. Октомври во нашиот календар е за опозицијата.

Од ветераните на политичкатаа сцена, тука е Али Ахмети. Доживеа сериозни политички удари и како ништо друго како да не му остана како избор, тој почна да се повикува на неговите минати денови, за кои има многу прашања дали се вредни за паметење. Нема друг месец освен ноември за Али Ахмети.

И тука ќе запреме со откривањето на останатите креативи во календарот. Всушност, тој е тука на овој линк за вас. Тоа е нашиот скромен подарок за тебе, наш читателу, посетител нашата веб страница, следбеници на нашите профили на социјалните мрежи. Благодарени на вас, Рацин.мк зазеде видно место во медиумскиот простор, а бројките го потврдуваат тоа. Нешто повеќе од по еден милион посети на веб страницата во ноември и декември и показатели дека овој тренд ќе продолжи и во новата година

Во име на редакцијата Рацин.мк, Зоран Бојаровски, Александра Тодоровиќ и Леон Бакрачески, со силна креативна и колегијална поддршка на деск тимот со Марта, Весна, Бране, со тимот 24/7 на социјалните мрежи Љубица, Софија, Стефан, со продукцискиот таск форс предводен од Марјан, Ангел, Надица, Димитар, Јордан, Деко, со административниот менаџмент на Митко и со постојаната размена на идеи и охрабрување со тимот Трн.мк, ви посакуваме – Среќна Нова 2026 година!

Да се насмееме Повлете, целиот календар на Рацин.мк за 2026 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен