Да ги поздравиме со едно голему Уа, иако тие немаат срам, но ние нема да запреме и покрај сѐ што прават, истакна претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во обраќањето пред Собранието од денешниот простестен марш на работниците.
„Да им се извинам на полициските служебници, за кои пратениците не предвидоа ниту нула за зголемување на нивните плати ги ангажирале во огромен број против работниците. Полициските службеници се работници за кои нема зголемување на плата оваа година. Да ги поздравиме со аплауз“. побара Трендафилов.
Тој рече дека на 28 јануари видовме дека се плашат.
„Се исплашија и денеска, ама ги бетонираа нивните плати на 79% на штета на вас работниците. Овие внатре (пратениците) се против вашите плати. Против зголемување на минималната плата и против зголемување на работничките плати. Истите што се внатре сложно гласаа да ги зачуваат нивните над 100.000 денари плати кои не ги заслужуваат, а ние им ги овозможуваме“, рече Трендафилов.
Тој рече дека работниците ги плаќаат не само нив како пратеници избрани од народот, туку и политичките партии.
„Од нашите пари и од нашите придонеси. За да држат прес конферемции против работниците, да сеат магла и да се дават во сопствената кал затоа што не сакаат да ја зголемат работничката платата“, нагласи претседателот на ССМ.
Тој рече дека мнозинството пратеници покажа дека нема време да разговара за работничкиот стандард.
„Гледаат само за себе си да си обезбедат луксузот од буџетот кој го полниме ние. И уште возат на керозин, наплаќаат патни трошоци, дека имаат право на собраниска менза за евтини пари, нешто што работниците го немаат, а тие не сакаат да го овоможат“, рече Трендафилов.
Претседателот на ССМ рече дека илјадници од работниците што денеска се на протесот им порачуваат дека и други седеле на тие собраниски фотелји, но денеска се на улица, на работа и се јавуваат во синдикатот за да добијат регрес за годиеш одмор, да добијат зголемување на платите.
„Да ги поздравиме со едно голему „Уа’, иако тие немаат срам, ни ние нема да запреме и покрај се што прават. Ги напаѓаат нашите најблиски семејства, децата на некои од нас, а тоа е недиозволиво во едно демократско општество за какво што се декларира Македонија“.
Поворката на протестот потоа запре кај Стопанската комора на Македонија каде што беа повторени барањата на работниците.