Стартува „Безбеден град“, ногата повисоко од педалата за гас зашто и глобите се високи

„Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи од утре, 1 февруари, започнува со автоматско казнување преку системот „Безбеден град“. Проектот, кој првично опфаќа три града, има за цел зголемување на безбедноста преку дигитализација на контролата, елиминирање на човечкиот фактор и воспоставување строга дисциплина кај возачите преку високи парични санкции.

Официјалниот почеток на казнената политика преку системот Сејф сити на 1 февруари 2026 година означува крај на периодот на толеранција и техничко прилагодување. Овој систем, познат и како Безбеден град, претставува софистицирана мрежа од камери поставени на клучни сообраќајници, кои имаат задача автоматски да ги евидентираат прекршоците без потреба од физичко присуство на полициски службеници. Примарниот фокус на Министерството за внатрешни работи (МВР) е насочен кон четири критични категории на прекршоци:

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби.


🏙️ Пречекорување на брзина во населено место

(дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак)• до 10 km/h над дозволеното – 15 €

• од 10 до 30 km/h – 50 €

• од 30 до 50 km/h – 300 € + забрана за управување 3–12 месеци


🛣️ Пречекорување на брзина надвор од населено место

(130 km/h автопат • 110 km/h пат за моторни возила • 90 km/h други патишта)• до 30 km/h над дозволеното – 20 €

• од 30 до 50 km/h – 50 €

• од 50 до 70 km/h – 300 € + забрана за управување 3–12 месеци


🚦 Поминување на црвено светло

• 250 € глоба• забрана за управување 3–12 месеци


🅿️ Непрописно запирање и паркирање

(пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации)• глоби од 25 €, 40 €, 150 € и 180 €(во зависност од видот и тежината на прекршокот)


🚗 Учество во сообраќај со нерегистрирано возило

(без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици)• 500 € глоба• ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена – 100 €


⏳ Намалување на санкциите

• Плаќање во рок од 8 дена → се плаќа 50% од глобата• Ако има и забрана за управување → се изрекува во половина од пропишаниот рок


⚠️ МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, за поголема лична и општа безбедност и намалување на сообраќајните незгоди.

Зачлени се на нашиот е-билтен