Владата го именуваше Стојанче Ангелов, досегашен директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), за нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Тој на оваа функција доаѓа на местото на Џеват Селами од коалицијата „Вреди“, кој се наоѓа во домашен притвор како осомничен во истрагата за пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, при што загинаа 62 лица.
Од ЦУК за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека Ангелов ќе ја преземе новата функција во ДЗС.
Нов директор на ЦУК, според најавите, ќе биде кадар предложен од коалицијата „Вреди“.