Страшна трагедија во Кочани: Пожар во дискотека, бројот за жртвите за проценува на повеќе од 50

Катастрофален и трагичен пожар се случи ноќеска околу 03.00 часот во Диско клубот Пулс во Кочани.

Локалните медиуми известуваа за стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани што се случуваше во раните утрински часови.

Бројот на жртви засега никој него знае, но проценките се дека животтите во огнот го загубиле над 50 лица, а голем број се повредени.

Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнале противпожарни екипи од сите градови на околината, како и возила со медицински екипи.

Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани, се случила од светлосните ефекти во диското за време на концерт на групата ДНК.

Зачлени се на нашиот е-билтен