Студот дојде од Русија

Македонија се наоѓа под влијание на многу ладна и влажна воздушна маса која продира од исток и од североисток, односно студот дојде од Русија.

Попладнево насекаде во нашата Македонија е невообичаено ладно за самиот почеток на октомври и исто така е врнежливо и ветровито со повремено засилен ветер од северен правец. Веќе на планинските места имаме  и октомвриска снежна  идила  и формирање на снежна покривка која понатаму ќе се зголемува а снежната граница полека ќе се спушта пониско, најавува порталот Метео Аларм.

На табелата можете да ги видите температурите измерени попладнево по градови и места во нашата Македонија до 14 часот, како и наврнатото количество на воден талог во изминатите 6 часа, исто така до 14 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.

Инаку нашата Македонија се наоѓа под влијание на многу ладна и влажна воздушна маса која продира од исток и од североисток, односно од Русија  и истата условува да имаме невообичаено ладно и врнежливо време за самиот почеток на месец октомври.

Зачлени се на нашиот е-билтен