Се најавуваат измени во Законот за субвенциониран студентски оброк, но износот на субвенцијата ќе остане 140 денари, иако цените на храната пораснаа.
Новите законски измени предвидуваат проширување на правото на субвенциониран оброк и за студентите на постдипломски студии, кои досега беа исклучени од мерката.
И покрај барањата на студентите за зголемување на субвенцијата, Владата не планира промена. Износот од 140 денари останува ист од 2023 година, што значи дека студентите ќе добиваат 840 денари неделно, иако трошоците за исхрана постојано растат.