Кривичниот суд Скопје соопшти дека се одобрени обвинителните акти за полициски службеници поврзани со пожарот во Кочани.
Советот за оценка на обвинителен акт, при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи во оцена на два обвинителни акт поднесени од Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по одржани седници и ценејќи ги фактите и доказите во двете обвиненија донесе решенија со кои:
Обвинителниот акт со КОК – ооа 4/26, против 13 полициски службеници кои се товарат дека сториле кривично дело – Тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот кој на 16 март 2025 година се случи во објектот „Пулс“ во Кочани, се одобрува во целост.
Врз основа на веќе одобрените обвинителни акти, формиран е кривично правен предмет и тоа КОК бр. 15/26 поврзан со пожарот во Кочани.
Предметот, согласно АКМИС – системот, ќе биде распределен на понатамошно постапување кај надлежни судии, а откако ќе биде насрочени главна расправи по конкретните предмети, термините ќе бидат достапни преку Календарот за судење на веб страната на судот.