СВР Охрид: За два дена преку „Безбеден град“ изречени скоро 300 казни

Хрватска

СВР Охрид известува дека во текот на првиот ден од функционирањето на системот системот за сообраќаен надзор „Безбеден град” односно на 12.10.2026 година, на подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар  регистрирани се вкупно 148 сообраќајни прекршоци, од кои најголемиот дел се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина во и надвор од населено место, поминување на црвено светло на семафор, како и управување со нерегистрирани возила.

Во текот на вчерашниот ден (13.10.2026 година), заклучно со 19 часот, преку системот регистрирани се дополнителни 148 сообраќајни прекршоци.

„Сите регистрирани прекршоци се документирани, а до сопствениците на возилата со кои се сторени прекршоците се доставуваат известувања преку СМС-пораки на мобилните телефони и на електронските адреси.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Воедно, укажуваме дека системот „Безбеден град” има за цел да придонесе кон подигнување на сообраќајната култура, поголема дисциплина кај возачите и унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот“ наведуваат од СВР Охрид.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?