Таравари: Ако четирите партии од Вреди одлучат да формираат партија, им го даваме името, ние остануваме со пет пратеници

Актуелниот министер за здравство и дел од коалицијата Вреди вели дека не добиле понуда од неговите коалициони партнери за да се спојат во една партија, но рече дека нема ништо против тоа.

„Досега не сме имале понуда од Вреди за да бидеме една партија. Ако имаме, ќе одлучиме, но ако тие веќе одлучиле, им го даваме името – нека го задржат името Вреди. Ние ќе останеме пет пратеника од Алијанса за Албанците и ќе продолжиме како пратеничка група, но отворени сме за соработка со сите“ изјави Таравари.

Таравари додаде дека ако има иницијатива за формирање на партија дека тоа ќе биде разгледано, но дека ако другите четири партнери одлучат да продолжат без Алијанса за Албанците, тој ќе го прифати тоа.

„Ние сме подготвени да разговараме со сите, пред се со Вреди, бидејќи досега сме дел од Вреди. Ако одлучат да одат без нас и тоа е прифатливо“ рече Таравари.

Зачлени се на нашиот е-билтен