Таравари: Десет повредени ќе бидат пуштени на домашно лекување

Десет повредени лица од пожарот во Кочани, кои беа третирани во македонските болници, денеска ќе бидат испишани и пуштени на домашно лекување, објави министерот за здравство, Арбен Таравари, на прес-конференција во Ургентниот центар.

„Еден пациент ќе биде испишан од Клиничката болница во Штип, еден од Детска хирургија, еден од Торакална, и пет од приватните клиники „Систина“ и „Жан Митрев“. Во моментов на лекување се 162 пациенти, од кои 47 во домашни болници, а 115 во странство. Освен едно лице во Турција кое е во многу сериозна состојба и неколку пациенти во покритична состојба, сите останати се во стабилна состојба“, изјави Таравари.

Министерот истакна дека од наредната недела повеќе нема да има испраќање на пациенти на лекување во странство, а се очекува дел од нив да започнат да се враќаат во Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен