Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека е запознаен со случајот на 31-годишниот пациент кој починал во кумановската болница, а чие семејство тврди дека му бил даден лек на кој бил алергичен.
„Анафилактичен шок може да се случи насекаде и, за жал, понекогаш завршува трагично. Дали во конкретниот случај било познато или не – тоа треба да се утврди. Веќе потпишав наредба за Државниот санитарен инспекторат да изврши надзор, а потоа ќе следува и проверка од професионална екипа на Министерството за здравство. Ако се утврди лекарски пропуст, ќе има санкции“, изјави Таравари.