Утрово се случила тешка сообраќајна несреќа на патот Валандово–Дојран, кога камион со српски регистарски ознаки излетал од коловозот и се превртел. Во несреќата животот го загубила една мигрантка од Кина.
СВР Струмица соопшти дека од здобиени повреди на местото на настанот починала мигрантка од Кина, а нејзиното тело е предадено на обдукција.
Повредени се уште седум мигранти, исто така од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката.
Возачот С.М. е задржан во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување помош.
На местото на несреќата увид изврши екипа од ОВР Гевгелија, во присуство на јавен обвинител.

