На 22 ноември, околу 17:50 часот, на патот А3 помеѓу Ресен и Битола, патничко возило „Форд“ со битолски регистарски таблички, управувано од 68-годишниот Д.Б. од Битола, излетало од коловозот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил префрлен во Клиничката болница во Битола, каде што му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата извршен е увид од страна на полициска екипа на СВР Битола. Причините за несреќата се истражуваат.