На 26 декември 2024 година, во 22:11 часот, во ОВР Прилеп било пријавено тешка сообраќајна несреќа на улицата „Браќа Миладиновци“ во Прилеп. Во несреќата, патничко возило „Опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот С.М. од Прилеп, излетало од патот.
Возачот бил итно пренесен во Градската болница Прилеп од страна на Итната медицинска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Екипа од ОВР Прилеп извршила увид на местото на несреќата и работи на утврдување на причините за излетувањето на возилото.
Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ги почитуваат сообраќајните правила за да се избегнат несреќи од ваков вид.