Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска објави дека одредени електронски уреди и понатаму ќе бидат подложни на постоечките царини, како и дека следната недела ќе објави нови царини за полупроводници.
– Никој не избегал царини. Производите што моментално се изземени само се преместуваат во друга царинска категорија, а администрацијата ќе ги разгледа мерките за полупроводниците и целиот синџир на снабдување со електроника – напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social, пренесе Блумберг.
Администрацијата на американскиот претседател вчера донесе одлука дека реципрочните царини – меѓу кои се и тарифи од 125 отсто на увоз од Кина – нема да важат за паметни телефони и компјутери.
Доцна во петокот беше објавено дека оваа стока ќе биде изземена од одлуката на Трамп за 10% царина на увозот од повеќето земји, како и од многу повисоките тарифи на кинеските производи.
Американските технолошки компании беа загрижени дека цената на технолошките уреди драстично ќе порасне, бидејќи најголемиот дел од нив се произведуваат во Кина.
Со одлуката на американската администрација, од царини се изземени и електронски уреди и компоненти, вклучувајќи полупроводници, соларни ќелии и мемориски картички.
(Telegraf.rs / Tanjug)