Денеска на жичницата „Милениумски крст“ на Водно се реализираше показна вежба на тема „Евакуација од жичница“, во која учествуваа тимови на Специјалната единица за антитерористичка единица – Тигар на Министерството за внатрешни работи.
Според сценариото, жичарницата престанува да работи поради електричен дефект или прекин на струја и е блокирана цела жичница со што граѓаните остануваат заглавени во кабините во воздух. Во такви услови се ангажираат обучени тимови за интервенирање во ваков тип на инциденти, со цел безбедно и координирано да ги евакуираат патниците останати во кабините.
„Преку ваквите вежби се стремиме да ги подобриме капацитетите на полицијата за навремено и ефикасно реагирање при слични кризни настани, како и да се зајакне меѓусебната координација, во насока на поголема заштита и безбедност на граѓаните.“, истакна министерот Тошковски.