Титан Усје: Нападите се неосновани, не сме причина за загадувањето

усје

Целосно неаргументирано и тенденциозно продолжува нападот кон нашата компанија. Овие напади, покрај тоа што не се базирани на аргументи, се и во насока на извртување на вистината.

Ова се истакнува во соопштението на Титан Усје, во кое се наведува дека како транспарента компанија, во интерес на вистината, потенцираат дека целосно ја разбираат загриженоста за квалитетот на воздухот, но тенденциозните и неаргументирани обвинувања не придонесуваат ниту малку за решавање на проблемите со амбиенталниот воздух.

Од Титан Усје потенцираат дека:

  • Бројките недвосмислено покажуваат дека и кога ТИТАН Усје не работи, амбиенталниот воздух е со истиот квалитет, што е јасна потврда за тоа дека компанијата не е причина за состојбите со квалитетот на воздухот во Скопје. Загадувањето во Скопје беше високо и во изминатиот период кога ТИТАН Усје воопшто не работеше. Имено, поради редовен ремонт двете печки не работеа – едната, печка број 4, од 20.12.2025 година, а втората, печка број 3 од 16.01.2026 година, се до 29.01.2026 година, кога печката број 4, беше повторно вклучена, согласно работниот план. И покрај тоа што ТИТАН Усје целосно не работеше во овој период, највисоката вредност на ПМ 10 честичките достигна и до 275 микрограми на кубен метар. (Во прилог табели)
  • ТИТАН Усје како компанија носител на А-интегрирана дозвола, е под континуиран 24-часовен независен мониторинг на излезните гасови од оџаците, а резултатите од мерењата се јавно достапни (неделен извештај даден во прилог).
  • Мерните инструменти се поставени од страна на SICK- Германија, и ТИТАН Усје нема никаков пристап до овие инструменти, односно се работи за независен мониторинг. Точноста на овие мерења се потврдува со редовна калибрација на уредите за мерење и повеќекратна проверка и од страна на овластени меѓународни тела.
  • Граничните вредности на емисиите утврдени во дозволата која ја поседува ТИТАН Усје  се построги од оние пропишани со Законот. И покрај тоа, компанијата, во своето работење, не ги надминува вака дефинираните  дозволени гранични вредности. Тоа е овозможено со високоефикасен, комплексен систем на современи филтри кои фабриката ги има инсталирано и задолжително работат секогаш кога работат и производните  линии. Покрај тоа компанијата континуирано инвестира во модернизација на технолошките процеси. Имено, во изминатите шест години инвестициите надминаа 36 милиони евра, од кои 4,5 милиони евра беа наменети за унапредување на заштитата на животната средина.
  • Сите независни студии, преку хемиска анализа на депозитот од амбиентниот воздух,  укажуваат дека индустријата има помало влијание на квалитетот на амбиенталниот воздух споредено со загревањето на домовите и јавните објекти, сообраќајот, градежните активности и горењето на отворено.

Во соопштението на Титан Усје се изразува потребата од еднаков третман на сите ентитети во земјата и согласно принципот на владеењето на правото, нивното работење да се опсервира и оценува низ призмата на стручноста и законите, а не преку лични и паушални ставови.

„Остануваме отворени за конструктивен дијалог со сите релевантни партнери во насока на изнаоѓање на трајно решение во интерес на сите. Во прилог редовните неделни извештаи од мерењата на емисиите кои се јавно достапни“, нагласуваат од Титан Усје.

Како прилог на соопштението тие ги подненсуваат и податоците кои покажуваат дека емисиите од Титан Усје се постојано под граничните вредности утврдени со закон,

Зачлени се на нашиот е-билтен