ТИТАН Усје: Продолжувањето на А–интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции

Титан

Согласно законските рокови, ТИТАН Усје ја поднесе апликацијата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола до Министерството за животна средина и просторно планирање, соопштија од компанијата.

При подготовката на апликацијата за продолжување на дозволата, се наведува во соопштението, компанијата во целост ги следи обврските и условите што произлегуваат од законските и подзаконските акти и соработува со сите надлежните институции.

Грижата за животната средина е основна вредност за ТИТАН Усје, се потенцира во информацијата до јавноста.

„Свесни сме дека заштитата на животната средина и квалитетот на воздухот предизвикуваат загриженост кај граѓаните и во нашето општество, како целина. ТИТАН Усје внимателно ја следи јавната дебата, сериозно ги сфаќа овие проблеми и дава транспарентен придонес кон нивно решавање“, се нагласува.

Од ТИТАН Усје ветал дека како одговорна и транспарента компанија, работат согласно домашната регулатива и во своето работење ги применуваат најдобрите достапни практики во индустријата, кои важат и за компаниите од Европската унија.

Зачлени се на нашиот е-билтен