Титан Усје во неделниот извештај: Емисиите се под граничните вредности утврдени со закон

усје

Титан Усје ги достави до медиуми последните мерења на емисиите во амебиенталниот воздух од работата на фабриката според кои тие се под граничните вредности определени со Закон.

Во ова најново мерење ги нема податоците за ротирната печка 3 затоа што е во ремонт од 16 јануари оваа година.

Во соопштението се наведува дека од 2007 година, од кога емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг за вкупна прашина, SO2 и NOx, кои се контролирани од страна на надлежните органи и дека компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.

Известуваат дека производството запира доколку филтрите не работат и дека технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.         

ТИТАН УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот и паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ТИТАН УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата, се наведува во соопштението.

Работењето на компанијата е постојано следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина и кога печките на ТИТАН УСЈЕ работат, тие работат 24 часа.

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес и да ги контактираат e-mail адресата contact@usje.mk

Зачлени се на нашиот е-билтен