Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Топови ќе пукаат по повод Денот на Армијата

По повод Денот на Армијата – 18 Август, навечер во 19:00 часот, во скопската касарна „Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.

Како што информира Министерството за одбрана, претходно, во попладневните часови или по 18:00 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија. 

Најново