Трагедија кај Миравци: 19-годишно момче загина во сообраќајна несреќа

Деветнаесетгодишно момче од селото Миравци го загуби животот во раните утрински часови денеска, откако автомобилот „БМВ“ што го управувал излетал од коловозот на регионалниот пат меѓу селата Миравци и Давидово, информираа од Секторот за внатрешни работи – Струмица.

Несреќата се случила околу четири часот наутро, а според информациите, момчето починало на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош кој пристигнал на терен.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР – Гевгелија. По наредба на обвинителството, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Ова е уште една трагедија која ја потсетува јавноста на потребата од зголемена внимателност и одговорност во сообраќајот, особено на регионалните патишта кои често се ризични поради својата инфраструктура и брзината на возење.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денес на прес конференција од Охрид кажа дека бројот на жртви во сообраќајот во земјава е на исто ниво како и минатата година, но рече дека доколку се споредат бројките со тие во европските земји тогаш ситуацијата е катастрофална.

Зачлени се на нашиот е-билтен