Трагедија во Охридското Езеро: пронајдено телото на бугарски нуркач кај Трпејца

Телото на давеникот, пронајдено попладнево во близина на селото Трпејца, е на нуркач кој претходно денеска исчезна во водите на Охридското Езеро. Според очевидци, лицето било облечено во нуркачко одело и имало целосна опрема за нуркање.

Претходно, беше објавено дека 52-годишен државјанин на Бугарија исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри, над селото Трпејца. Инцидентот се случил денеска околу 13:15 часот, а во потрагата биле вклучени тимови од Езерската полиција, Црвен крст и нуркачи од клубот „Амфора“.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, потврди дека телото е извлечено од голема длабочина. Причините за несреќата засега не се познати.

Зачлени се на нашиот е-билтен