Трајановски: Игноранцијата на власта на барањата на граѓаните е најлоша политика

Трајановски

Игноранцијата на власта на барањата на граѓаните е најлоша политика, вели меѓу другото во интервју за Рацин.мк потпретседателот на СДСМ Александар Трајановски.

„За сѐ е крив некој друг. Вие сте влада, вие треба да го решавате тоа. Не е виновна ни ЕУ. Не се виновни нити работниците затоа што си ги бараат своите права. Тоа се тотално погрешни политики, да се префрли топката на друго место“, истакнува Трајановски.

Уште делуваат како опозиција, посочува потпретседателот на СДСМ.

„Веќе две години не сте опозиција. Тоа се политики на кои ние силно ќе се спротивставиме и се спротивставуваме. Сме го докажале тоа наназад во времето. Кога ја зголемувавме минималната плата. И сега сме за борба за покачување на минималната плата и ќе поднесеме закон за замрзнување на на функционерските плати“, вели Трајановски.

Трајановски го оцени протестот на ССМ како еден од најмасовните протести до сега на синдикалното движење.

„Тоа покажува дека владата ја губи контролата во државата. Од друга страна на границите во нашата држава изразуваме револт кон ЕУ. Видете, не можете вие на одлуки на ЕУ кои се донесени во Европски парламент и кои сега се спроведуваат електронски, да реагирате на тој начин“, оценува потпретседателот на СДСМ.

Имаа две години да ги подготват превозниците, е не да се кријате заднив и да ја напаѓаате ЕУ.

„Сето тоа е доказ дека намерно се прави блокада кон ЕУ интеграцијата, со цел да се продолжи овој башибозук и немањето контрола на институциите во нашата држава“, нагласува во интервјуто Трајановски.

Целото интервју со потпретседателот на СДСМ Александар Трајановски ќе биде објавено утре, на 1 февруари, на онлајн медиумот Рацин.мк.

Зачлени се на нашиот е-билтен