Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трамп ги укинува студентските визи за поддржувачите на Палестина

Фото: EPA-EFE/AARON SCHWARTZ / POOL

Новиот американски претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се укинуваат студентските визи и се наложува депортација на сите странски граѓани кои учествувале во пропалестинските протести во САД. Оваа одлука е дел од пошироките мерки што ги најави за справување со антисемитизмот и насилството на универзитетските кампуси.

„До сите странски жители кои учествуваа во проџихадистички протести: ќе ве пронајдеме и ќе ве депортираме“, изјави Трамп. Тој додаде дека ќе ги укине студентските визи за сите што ги поддржуваат Хамас, нарекувајќи ги универзитетските кампуси „радикализирани како никогаш досега“.

Со наредбата се предвидува брза акција против терористички закани, вандализам и напади насочени кон американските Евреи, а се предвидува и распоредување федерални ресурси за борба против зголемениот антисемитизам од 7 октомври 2023, кога Хамас го нападна Израел.

Правни експерти и организации за човекови права ја критикуваа оваа одлука, оценувајќи ја како кршење на слободата на говор загарантирана со Првиот амандман.

„Американскиот устав ги штити сите, вклучително и странските студенти. Депортирањето на луѓе врз основа на нивниот политички став е неуставно“, изјави Кери Десел, професор по право на Универзитетот Колумбија.

По нападот на Хамас и почетокот на војната во Газа, пропалестинските протести на универзитетите во САД траеја со месеци. Организации за човекови права забележаа пораст на инциденти поврзани со говор на омраза и насилство кон Евреи, муслимани, Арапи и лица со блискоисточно потекло.

Зачлени се на нашиот е-билтен