Трамп не отстапува: Планира експлоатација на ретки метали во Русија и Украина

Фото: EPA-EFE/SARAH MEYSSONNIER / POOL

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека потпишал извршна наредба за „драматично зголемување“ на производството на критични и ретки земни метали.

Тој нагласи дека Вашингтон работи на склучување договори за истражување и ископување на овие ресурси на различни локации, вклучително и во Русија и Украина. Според него, договорот со Киев би можел да биде потпишан „многу брзо“, при што ја истакна „огромната вредност“ на Украина во однос на резервите на ретки метали.

Ретките земни метали, како што се итриум, лантан, цериум и неодимиум, имаат клучна улога во производството на високо-технолошки уреди, вклучувајќи компјутери, паметни телефони и одбранбени системи.

Овој потег на Трамп може да предизвика геополитички тензии, особено во контекст на руско-украинскиот конфликт и американските санкции кон Москва. САД веќе подолго време се обидуваат да ја намалат зависноста од кинеските резерви на ретки метали, што дополнително ја влошува глобалната трговска конкуренција за овие стратешки ресурси.

Зачлени се на нашиот е-билтен