На денешен ден, пред 13 години, почина Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна и независна Македонија.
Роден на 3 мај 1917 година во Штип, Глигоров одигра клучна улога во политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање.
По референдумот на 8 септември 1991 година, на кој граѓаните се изјаснија за независност, Глигоров беше избран за претседател на 25 јануари истата година. На 7 март му го довери мандатот за формирање на првата влада на Никола Кљусев, а подоцна ги презеде сите активности за меѓународно признавање на државата.
На 3 октомври 1995 година, врз него беше извршен атентат во Скопје, од кој успеа да се опорави. По неколкумесечно лекување, се врати на функцијата на 10 јануари 1996 година.
Глигоров го заврши својот втор претседателски мандат на 17 ноември 1999 година, на возраст од 82 години. Почина на 1 јануари 2012 година, на 94 години, во својот дом во Скопје.
Признат и ценет за својата работа, Глигоров е добитник на бројни меѓународни награди и признанија, кои сведочат за неговиот придонес во историјата на Македонија.