Туристка од Македонија почина на плажата кај Свети Стефан во Црна Гора

Македонска државјанка, С.Г. (80) од Битолско, почина на плажата кај Свети Стефан во Црна Гора, откако ѝ се слошило додека пливала во морето.

Од полицијата во Будва ја потврдија трагедијата и соопштија дека извршиле увид на местото на настанот и ги информирале надлежните обвинителски органи.

Според извештаите од црногорските медиуми, туристката била во придружба на своето семејство и престојувала на плажата кога ѝ се слошило.

И покрај брзата интервенција на тимот за итна медицинска помош, обидите за реанимација не успеале.

Од извори блиски до семејството се дознава дека жената имала срцеви проблеми.

Зачлени се на нашиот е-билтен