Две момчиња од Скопје се уапсени синоќа откако запалиле огномет во Градскиот парк, што предизвика револт во јавноста, соопшти МВР.
Според пријавата поднесена во СВР Скопје на 19 март во 21:25 часот, огнометот бил испукан за време на роденденска прослава во угостителски објект, спротивно на владината одлука за седумдневна жалост.
Полицијата утврдила дека огнометот го запалиле М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје. Тие се приведени и задржани во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава согласно член 387 од Кривичниот законик.