Во демократска атмосфера и по тајно гласање, наставно-научните совети на 12 факултети и трите академии при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (УГД) избраа декани за претстојниот тригодишен мандат. Шестмина од актуелните декани добија доверба за нов мандат, додека останатите единици избраа нови лица на чело на своите факултети.
Избрани декани>
- Земјоделски факултет: проф. д-р Емилија Арсов
- Електротехнички факултет: проф. д-р Тодор Чекеровски
- Технолошко-технички факултет: проф. д-р Соња Јордева
- Машински факултет: проф. д-р Сара Сребренковска
- Факултет за информатика: проф. д-р Сашо Коцевски
- Факултет за природни и технички науки: проф. д-р Ѓорѓи Димов
- Економски факултет: проф. д-р Марија Гогова
- Правен факултет: проф. д-р Билјана Тодорова
- Филолошки факултет: проф. д-р Луси Караниколова
- Факултет за образовни науки: проф. д-р Трајче Стојанов
- Факултет за туризам и бизнис логистика: проф. д-р Наташа Митева
- Музичка академија: проф. д-р Златка Митева
- Ликовна академија: проф. д-р Слободан Милошевски
- Филмска академија: проф. д-р Адријана Данчевска
На Факултетот за медицински науки гласањето заврши нерешено, па изборната постапка ќе продолжи по летниот одмор.
Резултатите треба да ги потврдат Универзитетскиот сенат и Ректорската управа на седницата идната недела. Примопредавањето на должностите е закажано за 15 септември, кога истекува мандатот на сегашните декани.
Од УГД истакнуваат дека изборниот процес ја одразува посветеноста на универзитетот кон демократските вредности и инклузивното донесување одлуки.