Управувањето со отпад и урбанистичкиот развој на Скопје, се темите на форумот за иднината на градот насловен „Одржливо и функционално Скопје“ посветен на клучните предизвици и решенија за иднината на градот, ќе се одржи денеска со почеток од 17 часот во кино „Фросина“, информираат од Центарот за климатски промени.
Како што се појаснува, посветен е на „две горливи теми што се од витално значење за квалитетот на животот во градот Скопје – управувањето со отпад и урбанистичкиот развој“.
– Преку панел-дискусии и отворен дијалог со публиката, форумот има за цел да обезбеди платформа за споделување знаење, размислување за одржливи решенија и промоција на конкретни акции што можат да придонесат за подобрување на квалитетот на животот во нашиот град. Настанот не е само теоретска дискусија, туку и можност за поттикнување на соработка меѓу институции, експерти и граѓани со цел градење на едно функционално, зелено и одржливо Скопје, додаваат организаторите.
Настанот е организиран во рамки на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда на локално ниво“.
– Спроведуван од страна на Центар за климатски промени, во соработка со партнерите „Еко зелено движење“, „Геосфера“,„Екотуризам – 2016 Охрид“, „Креактив“, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Национален ромски центар и „Ецо ацтион“. Проектот е поддржан од Швајцарската амбасада, преку програмата „Цивика мобилитас“, се појаснува во соопштението.