Рокот за пријавување на дела за конкурсот Trash for Art 2025 истекува утре, 12 март, во 18 часот.
Оваа година, Пакомак доделува награди за најдобрите уметнички дела изработени од амбалажен отпад, додека Нула Отпад ДОО Скопје ќе награди три дела направени од електронски отпад.
Сите уметнички дела треба да се достават лично или преку карго служба во Лабораториум, на бул. Климент Охридски бр. 68, Скопје, помеѓу 10 и 18 часот. Одбраните дела ќе бидат објавени на веб-страницата на Пакомак и ќе останат во сопственост на компанијата. Недобитните дела ќе можат да се подигнат на 14 март, најдоцна до 18 часот.
Испратените дела треба да содржат минимум 10 парчиња амбалажен отпад и да не надминуваат висина од 150 см. За делата изработени од електронски отпад, задолжително е користење на барем три компоненти од електронски уреди или батерии. Еден учесник може да пријави повеќе дела, но може да освои само една награда.
Конкурсот е отворен за учесници во три категории:
Градинки
Основни училишта
Поединци и институции (средни училишта, факултети, невладини организации и други)
Во секоја категорија ќе бидат доделени три награди:
Прво место – 30.000 денари
Второ место – 20.000 денари
Трето место – 10.000 денари
Идентичен награден фонд е предвиден и за наградата за најдобро уметничко дело изработено од електронски отпад, која ја доделува Нула Отпад ДОО Скопје.
Дополнителни информации за конкурсот, правилата и наградите може да се најдат на www.pakomak.com.mk и на Фејсбук страницата на Пакомак https://www.facebook.com/Pakomak.mk.