Уште еден осомничен оди во куќен притвор, одлука на Апелациониот суд во Штип

Апелациониот суд во Штип информираше дека се завршени постапките по жалбите поднесени на решенијата за притвор во врска со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од вкупно осум предмети, во седум случаи жалбите се одбиени како неосновани, со што се потврдени решенијата на Основниот суд во Кочани.

Само во еден случај, кај обвинетиот Е.М., Апелациониот суд ја уважил жалбата и го преиначил првостепеното решение за притвор, заменувајќи го со мерка куќен притвор и дополнителни мерки на претпазливост.

Жалбите на останатите обвинети – К.Б., Н.И., Р.Ч.Д., М.С., Б.Х., М.Ѓ. и Р.Д. – се одбиени, при што остануваат на сила веќе изречените мерки: притвор или куќен притвор.

Апелациониот суд вчера објави дека постапува по вкупно 17 жалби поднесени против изречени мерки: „притвор“, „куќен притвор“ и мерки на претпазливост, поврзани со истрагата за трагичниот настан во дискотеката „Пулс“, во кој на 16 март 2025 година загинаа 62 лица. Осомничени во истрагата се 68 физички и три правни лица.

Зачлени се на нашиот е-билтен