Уште една сообраќајка на црната точка на експресниот Прилеп-Градско. Станува збор за дел од патот каде што претходната делница овозоможува голема брзина, на клучката каде што автомобилите се исклучуваат за да продолжат по автопатот.
Освен тоа, според укажувањата на возачите кои почесто го користат експресниот пат Приле-Градско, сигнализацијата којашто треба да упати не прилагодување на условите на патот не е доволно јасна.


Претходно, на овие укажувања, имаше најави од директорот на ЈП Државни патишта дека ќе биде поставена дополнителна сигнализација, но досега нема ништо од тоа.
До тогаш остануваа поуките од оваа и од претходните сообраќајки со надеж дека во меѓувреме нема да се случи несреќа со посериозни последици.