Успешна евакуација на повредено лице од Шар Планина со хеликоптер на Армијата

Фото: АРМ
Фото: АРМ

Во координирана спасувачка акција со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Армијата на Република Северна Македонија вчера попладне изврши итна медицинска евакуација со хеликоптер на тешко повредено лице од непристапен терен во близина на Ливадичко Езеро на Шар Планина.

Според информациите, лицето паднало во провалија и се здобило со сериозни повреди, скршеници на раката, ногата и колкот, како и обилно крварење, поради што било во животозагрозувачка состојба.

На терен интервенирал тим од парамедици кои, и покрај тешките услови, успеале да го извлечат и имобилизираат повредениот. Потоа, хеликоптер од ВИНГ (воздушни сили на Армијата) го пренел до првата достапна точка, каде што го презела екипа од итната медицинска помош за понатамошен болнички третман.

Преземено од Мета.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен