Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт С3 16 во Општина Ѓорче Петров, донесен на 17 февруари 2024 година.
Судот ги отфрли наводите во иницијативата поднесена од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со образложение дека не се утврдени повреди на законите или Уставот при донесувањето на ДУП-от. Според Судот, не биле прекршени Статутот на Општината, Законот за локална самоуправа, Законот за Град Скопје, како ни Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Контроверзниот ДУП беше усвоен на вонредна седница во сабота, на 15 февруари минатата година. Планот предвидува изградба на околу 30 станбени згради, од кои дел ќе бидат високи и до 20 ката. Локацијата се наоѓа кај кружниот тек кај Порта Влае, до границата меѓу Ѓорче Петров и Карпош, во близина на водоснабдителни бунари.
Дополнително, планот овозможува изградба на хемиска фабрика на истата територија, што предизвика загриженост кај дел од стручната јавност и граѓаните заради можниот ризик за јавното здравје и животната средина.