Утрово температурите од 3 до 10 степени, во текот на денот ќе се искачат до 19 степени

Фото: Saumya Chaurasia, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Температурите измерени утрово во Македонија се движат од 3°C во Берово, Лазарополе и Попова Шапка, до 10°C во Штип и Демир Капија.

Во Крива Паланка и Охрид е измерено 4°C, во Струмица, Битола и Прилеп 5°C, а во Тетово, Крушево и Маврови Анови 6°C. Во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Гевгелија, Кавадарци, Куманово и Претор се регистрирани 7°C, додека во Виница е 8°C, а во Велес 9°C.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југозападните и јужните делови на земјата. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Дневната температура ќе се движи помеѓу 12°C и 19°C.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со кратки дождови и умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 19°C.

Зачлени се на нашиот е-билтен