Вајц за БГНЕС: Не знам дали Северна Македонија навистина сака да го спроведе договореното за да биде членка на ЕУ, пријател сум и на Бугарија

Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ со спроведување на договореното во преговарачката рамка. Јас сум пријател на Бугарија, ова го изјави во интервју за БГНЕС известувачот на ЕП за Северна Македонија, Томас Вајц.

Изјавата за БГНЕС дојде откако Комисијата за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент гласаше „за“ неговиот извештај за напредокот на Северна Македонија во евроинтеграциите.

На прашањето на новинарот на бугарскиот медиум дали сегашната влада на Северна Македонија навистина сака да го спроведе договореното од преговарачката рамка и да стане членка на ЕУ, Томас Вајц вели:

Не знам. Она што го знам е дека големото мнозинство во ЕП сака да ја поддржи Северна Македонија и целиот регион за подобар економски, политички и социјален развој. Знам дека и јас самиот се обидувам да го поддржам процесот на пристапување на сите шест земји од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија.

БГНЕС го праша Вајц дели е вистина дека Христијан Микоски, премиерот на Северна Македонија, „спровел организирана кампања во Брисел“ за да влијае на извештајот и дали е вистина дека постои разлика помеѓу обичните состаноци меѓу известувачите во сенка со функционери од Северна Македонија и лобирањето, Томас Вајц одговори дека тој „си ја работи работата врз основа на факти, што е можно пообјективно“.

Мојата единствена задача е да анализирам каде се наоѓа земјата во однос на европското право, владеењето на правото, независноста на судството, медиумите… И токму тоа го направив во овој извештај.

На прашањето на БГНЕС дали Европскиот парламент и АФЕТ имаат надлежности да го валидираа јазикот и/или идентитетот на Македонците, Вајц одговори дека станува збор за извештај за состојбата на процесот на пристапување на земјата и дека станува збор за државата, за владеењето на правото, на процес базиран на заслуги, а билатералните прашања треба да се решаваат меѓу самите земји.

На инсистирањето на БГНЕС дека преговарачката рамка е усвоена и од бугарскиот, од парламентот на Северна Македонија, како и од сите земји-членки на ЕУ, европратеникот и известител за Северна Македонијан Томас Вајц рече;

Во сегашната геостратешка реалност, ние Европејците мора да бидеме обединети и да го ставиме она што нè обединува на прво место. Ова ќе ни помогне да продолжиме заедно напред. Се сметам за голем пријател на земјите од Западен Балкан, како и за голем пријател на Бугарија. Мислам дека ако го ставиме она што нè обединува на прво место, тоа ќе биде во најдобар интерес на нашите земји и нашите народи.

На крајот од кусиот разговор за БГНЕС, на прашањето дали Вајц бил под влијание на премиерот на Северна Македонија, Мицкоски, или на други европски лидери, европратеникот кусо одговори: Не.

Зачлени се на нашиот е-билтен