Вака Заев му честиташе на Ципрас по повод седум години Преспа, дознава Рацин.мк

“Во ова време на војни и хаотичен свет, се повеќе сум среќен што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор, да изградиме трајно пријателство меѓу нашите соседни земји Северна Македонија и Грција”, пишува во пораката што поранешниот премиер Зоран Заев му ја упати на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас по повод седумгодишнината од Преспанскиот договор, дознава Рацин.мк

Во пораката уште се истакнува дека Преспанскиот договор “остави исклучително позитивен белег на Балканот, Европа и светот дека договорите можат да се постигнат преку дипломатски канали дури и за најтешките прашања меѓу земјите”.

“Честитки за 7 години од нашиот Преспански договор”, се вели во пораката на Зоран Заев до Алексис Ципрас

Зачлени се на нашиот е-билтен