Вечерва изби пожар кај прилепска Дабница, над Прилеп голем чад

пожар кај прилепска Дабница

Вечерва изби пожар кај прилепска Дабница, јавуваат локалните медиуми. Неофицијално пожарот се уште трае и има има опфатено голем дел на земјиште.

Според првичните неофицијални информации на локалните медиуми, пожарот е подметнат поради горење на кабли.

Над Прилеп со око е видлив голем чад од самиот пожар, според информации од терен дознаваме дека пожарот веќе се движи накај манастирот Успение на Песвета Богородица ,,Трескавец”, пишува Народен глас.

Од Центарот за управување со кризи и од Дирекцијата за заштита и спасување досега нема информација за овој пожар.

Зачлени се на нашиот е-билтен