Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вечерва во Македонија пристигнува големиот снежен бран

Од денешната саботна вечер започнува големиот снежен бран насекаде во Македонија, кој како што и претходно кажав ќе биде во вид на снежно невреме, што значи врнежите ќе бидат доста обилни и проследени со засилен ветер од северен правец (повремено со брзина од над 60 км/час), па вечерва, кон утрешниот ден (недела) врнежите насекаде во Македонија ќе преминуваат само во врнежи од снег, прогнозира денеска Метео Аларм.

Насекаде низ Македонија ќе се формира позначителна снежна покривка, а поради засилениот ветер од северен правец ќе има појава  и на снежни наноси.

До понеделник наутро во најголем дел од Македонија, и тоа во градовите ќе се формира снежна покривка со висина до околу, и над 20 сантиметри, во повеќето градови и со висина од над 30 сантиметри, локално дури и над 40 сантиметри, а на планините  и на Скијачките центри се очекува нов снег со висина од над 50 сантиметри, па дури до околу и над еден метар.

Во Скопската котлина до понеделник ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 сантиметри, а во повисоките предели од колтлината, како и на околните планини таа ќе биде значително поголема.

Возачите на внимаваат

Со оглед на тоа дека не очекуваат обилни снежни врнежи насекаде во Македонија, на возачите им препорачува да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила, особено доколку се движат низ планинските превои, каде поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Исто така, Скијачите кои ќе се наоѓаат на Скијачките центри, ги советуваме да не се движат кон поголеми надморски височини поради обилните врнежи од снег и значително намалената видливост која ја очекуваме.

И УХМР со слична прогноза

И од Упрвата за хидрометеоролошки работи излегоа со слична прогноза. УХМР најавува претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Во Скопје претежно облачно со повремен слаб дожд, во повисоките делови од котлината со слаб снег. Во текот на ноќта врнежите ќе се интензивираат и ќе преминат во снег, па до изутрина ќе се формира снежна покривка.

Зачлени се на нашиот е-билтен