Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Величковски за ЦИВИЛ: Со реорганизацијата на министерствата се чини дека сè е сетирано да се стигне до тоа за енергетика

Она што е интересно, е колку честитки, и колку брзо ќе добие новата влада за изборот, бидејќи, во принцип, знаеме дека ВМРО –ДПМНЕ доби честитки за победата на изборите, која навистина е јасна, недвосмислена, легална и легитимна.

Но, во исто време забележуваме дека изостанаа честитките за избраните функционери, особено честитките за госпоѓата Силјановска Давкова, кои веројатно изостанаа поради начинот на кој таа ја презема, или, даваше изјава дека ја презема функцијата. Од тие причини, може да го поставиме прашањето дали имаме претседател на републиката, којшто ја презема должноста или не, и тој проблем ќе се провлекува и понатаму, вели лидерот на Движењето „Нова република“, Ивон Величковски во интервју за ЦИВИЛ Медиа.

Величковски појасни дека честитките за кои изостанаа, по редот на нештата, требаше да дојдат од хомолозите, односно на нивото  претседател на држава до друг претседател

Со Величковски разговаравме за предизвиците и перспективите на новата влада, реорганизацијата на владините ресори и комбинирањето на ресорите, за кое вели дека прашањето е дали таа е суштинска и корисна, за што тој лично изразува сомневање.

Мислам дека ќе се покаже и во следниот период, дека станува збор за претурање од шупливо во празно, бидејќи тоа ниту ќе ја намали администрацијата, ниту ќе ги зголеми нејзините капацитети. Она што е битно, е дека цело време, додека зборуваме за зголемување на бројот на министерствата, или реорганизацијата, лебди во воздухот дека како сè да е сетирано за да се стигне до министерството за енергетика, коешто натаму треба да биде, очигледно едно од главните ослонци на политиките на господинот Мицкоски, на владата што тој ја предводи.

А зошто и да не ги поставиме прашањата –на каков начин тоа ќе ги сетира обврските и перформансите на владата дома и надвор, односно енергетската политика , особено на нејзиниот безбедносен аспект“, вели меѓу другото Величковски.

Евроинтеграциите треба да се одвиваат паралелно со работата на институциите, и дека овој пат, од страна на соседните земји, на Мицкоски нема да му се даде можност да предизвикува разлики со соседите, кои што би го запреле и патот на Северна Македонија кон  интеграциите, но и воопшто во регионот, посочи Величковски меѓу другото.

Разговорот го водеше: Дијана Тахири

Камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети

Треба да знаете
Moже да ве интересира