Жена на возраст од 56 години од Охрид се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во саботата наутро, на кружниот тек каде се сечат улиците „15-ти Корпус“, „Железничка“, „7 Ноември“ и „Ристо Чадо“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила на 12 јули околу 06:40 часот, кога товарно патничко возило „Рено“ со охридски регистарски таблички, управувано од 53-годишен жител на село Лескоец, удрило во велосипедот што го управувала повредената жена.
По несреќата, велосипедистката била итно пренесена во Општата болница во Охрид, каде ѝ била укажана медицинска помош и ѝ биле дијагностицирани тешки телесни повреди.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Охрид, а надлежните органи работат на целосно расчистување на случајот.