Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Венецијанската комисија го прифати барањето, до 18 март ќе испрати мислење за Законот за јазиците

Венецијанската комисија на 18 март ќе го испрати мислењето за Законот за јазиците, по барање на Уставниот суд, кој го прифатила. Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, информираше дека според најавите, Венецијанската комисија ќе го усвои пријателскиот совет на 15 март, а истиот ќе биде објавен до 18 март. Подготвителната седница е најавена да се одржи најдоцна до 21 март. Листата на учесници на седницата, предложена од судијата известител Елизабета Дуковска, се очекува да биде утврдена утре и ќе вклучува повеќе од 20 експерти, меѓу кои уставни и меѓународни правници и поранешни судии.

Костадиновски истакна дека побарале претставник од Венецијанската комисија да дојде на подготвителната седница за да го образложи пријателскиот совет и ставовите на Комисијата. Очекувањата се седницата да се одржи на 19, 20 или 21 март.

Двајцата уставни судии од албанска националност, Осман Кадриу и Насер Ајдари, веќе најавија дека нема да присуствуваат на подготвителната седница. Костадиновски изрази жалење поради нивната одлука и нагласи дека не смее да се дозволи судиите да се водат од етнички преференции. Според него, не е возможно да се биде првин Македонец, а потоа уставен судија, нагласувајќи дека ако се гледа низ таква призма, правната држава ќе биде загрозена. Судот продолжува да работи, без разлика на тоа што понекогаш работел само со пет судии.

Костадиновски ги оцени неодамнешните изјави на премиерите на Албанија и Косово, Еди Рама и Албин Курти, како непристојни и недостојни, но не сакаше да ги коментира понатаму.

Уставниот суд годинава има рекорден број решени предмети, но исто така се соочил со сериозни политички притисоци. Костадиновски апелираше до политичарите да не се мешаат во работата на судот и до граѓаните да не подлегнуваат на манипулации.

Зачлени се на нашиот е-билтен