Пожарот во Трубарево е под целосна контрола, информира утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
„Нема активно горење но има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места. Преостанува да се дозатрупа уште дел од опожарената површина“, вели Ангелов.
Се’ уште има чадење. Делот каде што биле складирани литиумските батерии е покриен со песок, а пожарникарите се на терен и постојано го навлажнуваат песокот за да се намали чадењето и да се спречи разгорување на пожар.