[Видео] Голем пожар изби во фабриката “Макпрогрес“, позната по брендот “Винчини“

[Видео] Голем пожар изби во фабриката "Макпрогрес“

Голем пожар изби во фабриката “Макпрогрес“, позната по брендот “Винчини“, напиша во комуникациските канали со медиумите директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Во моментов со огнот е зафатен еден погон а локалните винички пожарникари со подршка на пожарникари од Кочани се обидуваат да го спречат ширењето на огнот кон останатите погони. На помош тргнаа пожарникари од Св. Николе, Струмица и Пробиштип“, информира Ангелов.

Зачлени се на нашиот е-билтен